Македонија 10. февруари 2019. / 21:56

Нелоски: Дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат

Нелоски: Дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат

Гостин во Централниот Дневник ан 1ТВ беше Владимир Нелоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека е време партијата да има надпартиски кандидат.

Расположението е демократко, сите кандидати се претставуваат пред делегатите и членството на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото каде изборот на претседател се правел преку конвенција, ова е веќе практика на партијата. Ме радува тоа што дел од кандидатите се од иста општина и имаме единство во партијата без разлика на тоа што тие се натпреваруваат. Од мое лично име, мојот став е дека во моментов дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат и затоа застанав зад професорката Гордана Силјановска и со нејзиниот тим бев во неколку комитетити, но во интерес на целиот процес нема да зборам понатака, само ќе кажам дека е потребно целокупно обединување на сите Македонци, рече Нелоски

Тој истакна дека ги почитува сите кандидати кои дале свој придонес во развивање на партијата, но дека во Република Македонија, проблем имаат сите граѓани, не само вмровците или симпатизерите.