Денеска бев во посета на Петрово, Миравци, Давидово, Милетково, Богородица и Моин, напиша Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Сретнав и запознав многу чесни луѓе кај кои се гледа искра во очите за подобар живот. Овие луѓе заслужуваат подобра средина, подобри услови за живот, копнеат за подобра иднина за нив и нивните поколенија. Тие се одлучија на 12ти Април да ни подадат рака, а ВМРО ДПМНЕ ќе им обезбеди достоинствена иднина, напиша Нелоски.