Македонија 13. октомври 2020. / 20:18

Нелоски: Ако власта финансира обуки за магариња, може да ја намали и цената на струјата

Нелоски: Ако власта финансира обуки за магариња, може да ја намали и цената на струјата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со колона возила повторно протестираше низ улиците на Скопје, против покачувањето на цената на електричната енергија.

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика ги повтори двете барања, односно враќање на поранешната цена на струјата и оставка на членовите на РКЕ, на чело со претседателот Марко Бислимовски.

 Ако Владата има можности и наоѓа начини да финансира обуки за магарињата и фризерниците, власта исто така мора да има слух за граѓаните и да најде решение за потешкоите со кои што се соочуваат поради ова поскапување на струјата. За жал ние сме единствена земја која што во текот на епидемијата и економската криза, граѓаните имат уште еден товар и плаќат поскапа струја, рече Нелоски, кој најави дека протестите ќе продолжат и понатаму.

Сличен протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва беше одржан и во Охрид.