Здравствениот систем е во тотален хаос. Несомнено, скандалот со вакцините е дно на дното, доказ за аматеризмот и неспособноста на оваа власт, рече не прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа оцени дека министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Заев во најмала рака се однесуваат скандалозно.
–Излегува на виделина дека има вакцини со изминат рок. Потоа, излегува министерот Филипче и вели дека вакцините не се со изминат рок, само имаат погрешна декларација. За сега да падне одлука – вакцините да се уништуваат, кажа Нелоска која повика Филипче да излезе во јавност и да им објасни на граѓаните што прави со вакцините.