Во Клиничката болница – Штип недстасува медицински кадар, но и покрај тоа, сите одделенија работат нормално и без проблеми. Според директорот, Ален Ѓеорѓијев, недостигот на кадар најмногу доаѓа до израз во текот на летото, кога се годишните одмори.
–За да се нормализира состојбата и работата да функционира непречено, потребни се уште минимум 20 – 25 медицински сестри. Фалат и медицински сестри и болничари – изјави Ѓеорѓијев.
До Министерството за здравство, рече, доставиле барање за вработување на девет медицински сестри и пет лекари. Очекува барањето да им се прифати. Медицинските сестри ќе бидат распоредени на одделенијата, а лекари недостасуваат најмногу на анестезиологија и ортопедија.
Ѓеорѓијев вели дека се направени новата систематизација на работните места и Планот за вработување кои досега беа пречка за вработување болничари на сите одделенија.