Македонија 22. јануари 2019. / 12:34

Не открива што прави во владата: Бошњаковски вели дека „терористот“ од Диво Насеље не работи во кабинетот на Заев

Не открива што прави во владата: Бошњаковски вели дека „терористот“ од Диво Насеље не работи во кабинетот на Заев

Портпаролот на владата, Миле Бошњаковски, одговори на прашањата поставени од Лидер за тоа дали Беким Алиу од Куманово е советник во владата на Република Македонија.

Бошњаковски само кратко вели дека „терористот“ не е вработен во кабинетот на премиерот Заев.

-Во Кабинетот на премиерот на владата на република нема вработено ниту ангажирано советник со името и презимето кои е го посочувате, одговори кратко Бошњаковски за „Лидер“.

Сепак, Бошњаковски одби да одговори на прашањето што правел Алиу во просториите на владата, затоа што неколкумина вработени за „Лидер“ се пожалија дека тој постојано си се шета во просторијата. Ваквите тврдења се поткрепени и со фотографии во истражувањето кое утринава го објави Лидер а го имате во продолжение на овој текст.

-Терористов којзнае дали има завршено и средно, а гордо облечен во одело се шета во владата. Се сомневаме дека е вработен како советник во владата на Република Македонија за што се фали на фејсбук. – вели изворот на „Лидер“.

По добиената информација, го проверивме и фејсбук профилот на Алиу на кој тој јавно се пофалил за неговото вработување како „Советник во Владата на Република Македонија“.

На facebook, Алиу се пофалил за неговата нова функција

Во меѓувреме, по објавата на „Лидер“, Беким Алиу ги освежил личните информации на Фејсбук и избришал дека е вработен во владата. Сега, графата за вработување му стои празна.

По објавата на „Лидер“, Алиу го избриша своето работно место како Советник во Владата на РМ

На истиот профил на кој сега Биким Алиу ја обзнани својата функција, на 9 мај 2015 тој ги алармираше терористите кои беа сместени во кумановско Диво Насеље дека пристигнале полициските сили. Тогаш, тој ги издаде позициите на полицијата пред терористите, по што следуваше крвава битка која заврши со 8 убиени полициски службеници.

– Сега моментално се собрани кај „Голд Хипермаркет“, околу 50 луѓе од специјалната единица… – напиша на 9 мај 2015 Алиу на неговиот профил на социјалната мрежа фејсбук, по што следуваше напад врз полицијата од терористите.

Објавата на Алиу од 9 мај 2015, со која беа откриени позициите на полицијата во битката по која имаше 8 загинати специјалци

Во исто време, според пишувањата на медиумите во 2015, Алиу на фејсбук ги пофалил „мажите“ кои војувале со полицијата.

Овој кумановец и покрај очигледното јавно откривање на позициите на полицијата пред терористите, не беше опфатен во обвинението во кое се теретат 29 обвинети терористи за нападот во Диво Насеље.

Веднаш по крвавите настани во Диво Насеље, Алиу се фотографираше со човекот за кој сега се фали дека му е работодавец – премиерот Зоран Заев – кој тогаш беше во посета на населбата и како херој беше пречекан од Албанското население.

Зоран Заев и Беким Алиу, Диво Насеље, 10 мај 2015

Од тогаш па наваму, Беким Алиу е активист и член на владејачката СДСМ. Доколку се разгледаат неговите профили на социјалните мрежи, ќе се види дека тој бил прилично ангажиран во сите досегашни кампањи на СДСМ, меѓу кои и онаа за референдумот.

Скоро и да не постои висок функционер на владејачката партија, со кој овој кумановец не се фотографиран. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и директорот на Службен Весник кој го објави законот за двојазичност без потпис од претседателот Иванов, се само мал дел од видните Социјалдемократи со кој тој се пофалил на фејсбук.

Фотографии на Алиу со високи функционери на СДСМ

Очигледно Беким Алиу ја соблекол тренерката која ја носи на фотографиите од времето на нападите во Диво Насеље, сега во одело, заедно со неговата сопруга се фотографирал и се пофалил на фејсбук пред зградата за која тврди дека му е ново работно место – Владата на Република Македонија.

Беким Алиу на неговото ново работно место

„Лидер“ утринава постави прашања до портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој го прашавме дали господинот Алиу е вработен во владата? А доколку е, побаравме увид во тоа колку пари месечно заработува и какво е неговото ниво на образование.

Колаж, Алиу во ОНА, 2001

Инаку, Беким Алиу е ветеран од 2001, кога се борел на страна на терористичката ОНА.