Македонија 16. May 2019. / 12:03

Не му беше на инаугурација, но ќе му оди на гости: Попладне средба Заев-Пендаровски

Не му беше на инаугурација, но ќе му оди на гости: Попладне средба Заев-Пендаровски

Новиот претседател Стево Пендаровски денеска во вилата Водно ќе го прими премиерот Зоран Заев, со што ова ќе биде прва официјална средба меѓу претседателот и премиерот по инаугурацијата на Пендаровски во неделата.

Претседателот и премиерот ќе имаат разговори на различни актуелни теми за државата.

Средбата е најавена попладнево во 16:15 часот.