Новиот претседател Стево Пендаровски денеска во вилата Водно ќе го прими премиерот Зоран Заев, со што ова ќе биде прва официјална средба меѓу претседателот и премиерот по инаугурацијата на Пендаровски во неделата.
Претседателот и премиерот ќе имаат разговори на различни актуелни теми за државата.
Средбата е најавена попладнево во 16:15 часот.