Македонија 28. декември 2019. / 19:40

Не е спорен Ковачки, Заев бега од избори

Не е спорен Ковачки, Заев бега од избори

По коментарите на највисоките претставници на власта и, пред се, на премиерот Зоран Заев дека е спорен неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драгана Ковачки, да биде назначен за технички министер за внатрешни работи, се поставува прашањето дали брзото истакнување на ваквите ставови претставува обид да се одложат изборите и можноста народот да гласа за промена на власта.

Со оглед на професионалната биографија на Ковачки, во која е тешко да се најде црна дамка, се наметнува прашањето која е причината што Заев веднаш по средбата со Христијан Мицкоски влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.

Тргнуваајки по толкувањата на Зоран Заев, тогаш може да се заклиучи дека неуставни биле претходните назначувања на Чавков за прв човек во МВР од редовите на полицијата, на Силјан Аврамовски за министер за внатрешни, кој дојде од редовите на МВР, како и Славјанка Петровска која СДСМ ја предлага за заменик министер во МВР, а која доаѓа на ова место од структура на полицијата.

Тоа било случај и со Зоран Иванов кој беше полковник кога стана Директор во Агенција за разузнавање, како и за Беким Максути кој стана заменик министер за одбрана од позиција во АРМ.

Сите овие примери покажуваат дека е извесно оти станува збор за обид на СДСМ да бара алиби со цел одложување на изборите.