Новинарот Бранко Тричковски и поранешниот амбасадор Нано Ружин иницирале поднесување на номинација за македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на грчката влада Алексис Ципрас да конкурираат за Нобеловата награда за мир во 2019-та.
Третиот иницијатор е европратеникот Стелиос Колуглу, кој за 1ТВ потврди дека поранешната добитничка од Тунис, Уидед Башауи, официјално ќе ја поднесе номинацијата.
– Ќе ја најавиме кандидатурата на г. Заев и г. Ципрас за Нобеловата награда за мир за наредната година. Тоа ќе го најавиме заедно со г-ѓа Уидет Башауи, добитничката на Нобелот за мир во 2015. Луѓето од цел свет сакаат мир и стабилност на Балканот. Ова е нејзина иницијатива, но ве уверувам дека сите луѓе во Европа го сметаат Договорот од Преспа како единствена добра вест што доаѓа од Европа. – изјави Колуглу.
Тој и Башауи воп моментов престојуваат ви Македонија а денеска треба да се сретнат со пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, владината коалиција, сите координатори како и со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.