Македонија 19. мај 2018. / 19:11

Не е проблем Илинден, туку кукавичкото јајце што сака да ни го протне Заев

Не е проблем Илинден, туку кукавичкото јајце што сака да ни го протне Заев

“Само политички неписмени или свесно расипани луѓе може да играат на картата ‘Илинденска Македонија’, секако, ерга омнес. Не е проблем Илинден, туку кукавичкото јајце што сака да ни го протне Заев.

Уште кога го пуштија името беше јасно за што се работи, затоа и ја ставив картата на Македонија во нејзините етнографски граници. Тоа се границите на Македонија според Илинденците или оние што загинале пред Илинден, како Гоце Делчев.

Или дали можете да замислите Грците да му дадат легитимитет на Васил Чакаларов или плејада други дејци кои се бореле против грчката пропаганда и грчките чети? Грците кои му ја пресекоа главата на Чакаларов? Кои уништија речиси се македонско во егејскиот дел на Македонија, сега ќе ги легитимираат нивните противници?

Секако дека нема!

Играта е ние да почнеме да зборуваме за тоа дека е прифатливо ерга омнес решение. И целта е постигната, сега не се дебатира дали ерга омнес, туку кое име.

Затоа оние што демек глумеа принципиелност, сега со две раце прифатија ерга омнес.

Ако на некого уште не му е јасно, нека ја прочита денешната изјава на Ципрас. Тој вели дека прво е потребно да се прифати ерга омнес и уставна ревизија, а потоа да се дискутира за име. Ние со предлогот на Заев прифативме ерга омнес.

Секако, не се работи за наивност. Заев е глуп, но тоа е само доказ дека друг стои позади целата игра овие денови.”

Фејсбук статус на Аце Серафимовски што предизвика голема читаност и споделување на социјалните мрежи.