Македонија 25. ноември 2018. / 13:07

НАТО со барање до Македонија: Отстранете го опасното ракетно гориво од Скопје!

НАТО со барање до Македонија: Отстранете го опасното ракетно гориво од Скопје!

Во скопската општина Ѓорче Петров постои складиште кое има 16 тони гориво за ракети за растерување на облаци кое одамна требало да биде отстрането, ги предупредил НАТО македонските надлежни органи. Се работи за радиоактивен отпад во Ново Село во објект на Макпетрол Темко.

Се уште никој не ја презеде да го уништи овој опасен материјал. Макпетрол Темко вели дека има договор само да го чува горивото, а не и да управува со истото.

-Макпетрол е сопственик на местото, додека отпадот е на Република Македонија. За сите прашања во врска со работи кои се чуваат тука, треба да се јавите на соодветните служби на Владата на Република Македонија, соопштиле од таму за Алсат ТВ.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека уништувањето ќе биде направено со почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност за јавноста.

-Тоа е гориво кое повеќе не е потребно. Сите методи на уништување ќе бидат направени врз основа на еколошките стандарди и со јавен оглас – истакна Макрадули.