Македонија 06. ноември 2018. / 20:27

Наместо реформи имаме само коруптивни скандали, му рекол Мицкоски на Вебер

Наместо реформи имаме само коруптивни скандали, му рекол Мицкоски на Вебер

На маргините на Политичкото Собрание, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.

Од партискиот Центар за комуникации велат дека Мицкоски го информирал Вебер за актуелните состојби во државата, укажувајќи на политички прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции.

-Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО- рекол Мицкоски.

Освен за актуелната дневно-политичка состојба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информирал Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за Претседател на Европска Комисија, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението за деталите од средбата.