Македонија 29. април 2020. / 10:38

Најмногу заразени во Скопје и Куманово, Струга со највисока смртност

Најмногу заразени во Скопје и Куманово, Струга со највисока смртност

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје заклучно со 27. април, пријавени се вкупно 1.421 случај на Ковид-19 во 27 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје 486, Куманово 378 и Прилеп 143, а најмалку во Валандово ѝ1 лице.

Најголема смртност е регистрирана во Струга, починати се 12 лица со што леталитетот (смртност) изнесува 18,5%. Висок латалитет 33% брои Крушево со 1 починат, но само на тројца заразени. Тетово е на второт место со 6 починати и латалитет од 8%а во Скопје има 16 починати и леталитет од 3,3%. Куманово брои 17 починати и латалитет од 4,5%.

Најголем број на заразени во однос на бројот на жители регистрира Куманово со 264,9 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (150,0/100.000) и Велес (104,1/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 671 машки и 750 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 64,7/100.000, додека кај женските 72,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 93 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 295 (20,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 106,1/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 293 случаи со инциденца од 76,4/100.000. Најниска инциденца од 22,3 и 22,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 57 случаи соодветно.