Македонија 23. јуни 2018. / 20:26

Најдоцна до 20-ти јули, референдумот мора да биде распишан

Најдоцна до 20-ти јули, референдумот мора да биде распишан

Доколку Владата донесе одлука до крајот на септември да се одржи референдум во врска со договорот со Грција, таа треба прво да поднесе иницијатива до Собранието и преку Министерството за правда, со јасно формулирано референдумското прашање. Согласно Уставот, и согласно останатите технички процедури, крајниот рок за референдумот да се одржи во месец септември, истиот мора да се распише најдоцна до 20-ти јули.

Сите подготовки почнуваат дури откако Собранието ќе донесе заклучок за одржување референдум, според очекувањата на претседателот на Собранието Талат Џафери, тоа мора да се случи најдоцна во втората половина на месец јули. Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, вели дека Законот за референдум мора да претрпи измени, бидејќи не е комплетно усогласен со Изборниот Законик.

Доколку собраниската комисија за избори и именувања се организира на време, веќе во вторник може да се изберат седумте члена на ДИК.