Излегува ли состојбата со коронавирусот надвор од контрола? Наместо да се намалува, бројот на новозаболени изминативе денови е во постојан пораст. Последните информации за изминатото деноноќие дека има 58 новозаболени покажува дека Владата ја губи битката во справувањето со коронавирусот.
Поразителни се бројките и на починати, иако пред два дена се укинаа најголемиот дел од мерките, а од вчера со работа почнаа со работа и угостителските објекти. Македонија не се симнува од врвот на заболени и починати споредено со земјите од регионот во справувањето со корона вирусот.
Во однос на починати лица, статистиките покажуваат дека само Романија има поголем број на починати на милион жители, додека останатите земји се движат околу 20. По број на тестови пак, само Албанија и Бугарија се зад нас, додека пример треба да ни биде Словенија која има приближно исти број на жители но и 37. 000 тестирани.
Податоците од „Worldmeter“, покажуваат дека нашите бројки се најлоши ако се споредат земјите од нашето опкружување. По бројот на заразени лица на еден милион жители само Србија има поголем број на случаи.
Ваквите поразителни бројки, не ги спречуваат , луѓето кои се на власт постојано да изјавуваат и тврдат дека состојбата се нормализира и треба да имаме избори што поскоро. Еден од нив е и министерот за здравство Венко Филипче, кој на почетокот на пандемијата уживаше повеќе симпатии кај народот, за подоцна сликата некако да се смени.
Политичкиот аналитичар Клековски нагласува дека е потребно да се сруши митот за Филипче дека добро се справил со кризата.
Дали Филипче од витез се претвори во џелат на народот!? На почетокот советуваше народот да се воздржи од реновирање заради опасност од коронавирусот, а сега кога бројките одат нагоре повикува на брзи избори.