Македонија

На вечерашниот протестен митинг присуствуваа и членови со книшки од СДСМ (ФОТО)

На вечерашниот протестен митинг присуствуваа и членови со книшки од СДСМ (ФОТО)

Неколку учесници на протестот на опозицијата против владеењето на СДСМ и ДУИ, вечерва ги покажуваа своите партиски членски книшки од СДСМ.

Дел од нив велат дека не се откажуваат од својата партија но не го поддржуваат сегашното раководство кое води погрешни политики.

 

Книшките не ги кинат, затоа што очекуваат подобри времиња за својата партија.

На протестот немаше инциденти иако освен членови на ВМРО – ДПМНЕ се присутни и членови на владејачката партија.