Македонија 11. март 2021. / 11:45

На сите документи за набавка на кинески вакцини преку сомнителната фирма стои потписот на Филипче

На сите документи за набавка на кинески вакцини преку сомнителната фирма стои потписот на Филипче

Новото продолжение на „Ла Верита“ за набавката на кинеските вакцини покажува дека главен збор водел министерот за здравство Венко Филипче.

Неговиот потпис стои на сите документи, и она што е поважно тој и укажува на кинеската компанија „Синофарм“ преку која фирма да оди на нарачката.

Ова се разбира им станало сомнително на одговорните од Синофарм бидејќи омилената фантон фирма  на Филипче Starbi International” од Хонгконг не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот во Хонгконг нема медицинско ниту фармацевтско портфолио.

Таа е регистрирана во 2017 година, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, открива весникот.