Македонија 19. мај 2018. / 22:58

На што падна СДСМ? Од државник кој не прифаќаше промена на име, до премиер со кој се подбиваат Грците

На што падна СДСМ? Од државник кој не прифаќаше промена на име, до премиер со кој се подбиваат Грците

Можеби Бранко Црвенковски не беше ниту од далеку личност која и донесе на Македонија економски развој и напредок напротив негова најголема дамка остана македонската приватизација. Но сепак Бранко Црвенковски беше неприкосновен махер во двроските игри, за разлика од него Зоран Заев е чиста спротивност. Не помина ниту една година како премиер а Грците го насанкаа како мало дете.

Отиде Заев на преговори со Грците му дадоа име Република Илинденска Македонија за севкупна употреба, радосно го презентираше ова име на лидерската средба со која широко ќе ни се отворат вратите кон ЕУ и НАТО, и така не помина ниту еден сааат и доби студен туш од Грција. Го одбија предлогот Република Илинденска Македонија, но му се заблагодарија што се согласил да го промени ставот на сите досегашни македонски политичари и да се согласи за ерга омнес. И сега само уште името да сме го договориле.

А еве што Бранко Црвенковски има да му каже на Заев “Името на мојата држава е Република Македонија и ќе биде Република Македонија. Благодарам“, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски од говорницата на Обединетите Нации.