Македонија 22. март 2020. / 09:00

На листата најсреќни држави во светот: Македонија меѓу Азербејџан и Гана

На листата најсреќни држави во светот: Македонија меѓу Азербејџан и Гана

Трета година по ред за „најсреќна“ земја во светот  е прогласена Финска.

Годишниот извештај за  „Најсреќните земји во светот“  на Обединетите нации, рангира повеќе од 150 земји според тоа колку се чувствуваат среќни нивните граѓани.

Данска заврши на второ место во студијата за 2020 година, а потоа следува Швајцарија на трето, а Исланд на четврто место.

Велика Британија е на 13-то место, за две места повисоко од претходниот извештај, додека Соединетите држави се на 18-то место, рангирајќи се подобри од лани, пренесува „Дејли меил“.

Првите десет се Норвешка, Холандија, Шведска, Нов Зеланд, Австрија и 10-та – Луксембург.

Србија се најде на 64-то место, зад Перу на 63 и пред Боливија на 65-та.

Македонија се најде на 90 -то место, пред неа е Азербејџан, а по неа е Гана.

 

Авганистан се наоѓа на 153-то место, со Јужен Судан (152), Зимбабве (151), Руанда (150), Централна Африканска Република (149), Танзанија (148), Боцвана (147), Јемен (146), Малави на дното на табелата. (145) и Индија (144).