На социјалните мрежи, косовскиот премиер се пофали дека премиерот Заев му бил на гости.
Имено, според објавата на Рамуш Харадинај, премиерто Заев заедно со сопругата Зорица Заева биле на гости, но најверојатно приватно во домот на Харадинај.
На официјалната Фејсбук страница Харадинај ја објави фотографијата со следниот текст:
„Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи”.
Од македонската влада се уште нема официјално соопштение за средбата.