На седницата за уставни измени Никола Димитров истакна дека предлозите на Панчо Минов од ГРОМ се во согласност со преспанскиот договор и дека постои простор за нивно прифаќање.
– Власта и опозицијата да седнат и да најдат решение. Треба да се задоволи наметнатата условеност од Грција, но и референдумското расположение на граѓаните. Треба да се определат во меѓувреме рокови и услови во амандманот и договорот да биде ратификуван во Грција, а дури потоа да се промени уставното име во Македонија откако ќе завршат процесите за зачленување во ЕУ. Сето тоа ќе има имплементација, а истото треба да го предложи опозицијата – рече Минов како единствен пратеник кој доаѓа од редовите на ГРОМ на Стевче Јакимовски.
– Предлогот е во рамките на Спогодбата од Преспа, таму тој не се коси со ниту еден член. Исто така националниот идентитет може да биде гарантиран, а државјанството според конвенциите е правна врска на граѓанинот и државата. Исто така и историската комисија која се формира нема да загрози ничиј идентитет, туку ќе се отстранат оние наративи кои поттикнуваат омраза кон другиот – рече Димитров.