Македонија 07. септември 2018. / 11:21

На 8 септември Макрон ќе и се обрати на Македонија со видео порака

На 8 септември Макрон ќе и се обрати на Македонија со видео порака

За денот на независноста, францускиот претседател Емануел Макрон ќе испрати видео порака наменета за македонската јавност. Макрон е еден од европските лидери кој ќе даде свој придонес во дипломатската поддршка за Македонија.

Неговото обраќање го најави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, преку порака на социјалните мрежи, по средбата со францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние. Според најавите, видео пораката на Макрон ќе биде испратена утре кога се очекува и пристигнувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел во земјава.