Македонија 12. април 2018. / 20:18

На 19 април во Скопје доаѓаат Могерини и Хан

На 19 април во Скопје доаѓаат Могерини и Хан

Високата претставничка за европска надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, на 19 април ќе се обрати на Собранието на Македонија. Со неа ќе допатува и еврокомесарот за добрососедство Јоханес Хан, јавува Алсат – М.

Нивната посета ќе следува еден ден по објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија. Од Владата очекуваат чиста препорака за старт на преговорите.