Македонија 05. ноември 2018. / 13:46

На 18 ноември во Скопје, голем протест против уставните промени пред Собранието на Република Македонија

На 18 ноември во Скопје, голем протест против уставните промени пред Собранието на Република Македонија

На 18 ноември, со почеток во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија закажан е голем протест против најавените уставни промени. На денот на Крсте Мисирков се организира надпартиски и сенароден протест со цел спречување на генерацискиот грев и сочувување на Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.