Министерството за внатрешни работи реагира на протестот на кадетите кои не биле повикани да потпишат договор за работа.
Според МВР, 37 од кандидатите за полициските службеници кои биле на обука добиле негативни безбедносни проценки.
„Во врска со денешниот протест на дел од кандидатите за полициски службеници (приправници) со кои не е потпишан договор за работа, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на процесот на прием и обука на избраните кандидати беа воочени сериозни неправилности кои биле направени при подготовката на безбедносната проценка на кандидатите. Притоа, констатирано е дека 37 од кандидатите за полициски службеници кои беа на обука добија негативни безбедносни проценки. Ова е спротивно на начелата за професионално и легалистичко работење и нивниот евентуален ангажман ќе значи прекршување на законските одредби за засновање на работен статус во Министерството, но истовремено и подривање на безбедносниот систем. Истовремено, започната е и постапка за утврдување на одговорноста за направените пропусти”, се вели во реакцијата на МВР.