Македонија 09. јануари 2021. / 10:33

МВР кажа „не“ за државјанствата со тројца сведоци

МВР кажа „не“ за државјанствата со тројца сведоци

Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ, пишува Дојче веле.

Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа.

Предлог-законот за државјанство го поднесоа албанските опозициски Алијанса за Албанците и Алтернатива при крајот на минатата година.

Предлогот предвидува оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.