Македонија 07. декември 2018. / 13:51

МВР демантира: Не упаднавме во домови на членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку преземаме акции за санкционирање на криминал

МВР демантира: Не упаднавме во домови на членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку преземаме акции за санкционирање на криминал

Министерството за внатрешни работи ја демантира објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук, за упад во домовите на неколку активисти на партијата.

– Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. – стои во демантот на МВР.

Од министерството соопштуваат дека се преземаат различни акции, но ниту една немала политички мотиви.

– Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно. – велат од МВР.