Македонија 24. септември 2020. / 17:15

Мухамед Зеќири седнува во директорската фотеља во Фондот за здравство

Мухамед Зеќири седнува во директорската фотеља во Фондот за здравство

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава Фокус. Според информациите на медиумот, се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори.

Тој ќе го наследи сега актуелниот в.д директор, Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако, Ден Дончев, си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Зеќири по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.