Македонија 12. септември 2020. / 16:01

Мухамед Зеќири – ФЗОМ или Телеком?!

Мухамед Зеќири – ФЗОМ или Телеком?!

За потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири резервирано е местото во Фондот за здравствено осигурување или пак претседател на Управниот одбор на Телеком, дознава ТВ21.

Според нашите информации, ДУИ го препушта местото претседател на Управен одбор во Телеком, каде што моментално е Назим Буши кој според информации на ТВ21 најверојатно ќе ниде нов заменик во Министерството за внатрешни работи.

Како замена на ова, ДУИ добива четири членови во управниот одбор.

На прашање на ТВ21, Зеќири рече дека јавноста навремено ќе биде запознаена

„Кога и да има било што конкретно јавноста навремено ќе биде запознаена“, вели Зеќири за ТВ21.

Претседател на Одборот на директори на Телеком најверојатно ќе биде еден Мухамед Зеќири, Хари Локвенец или Душко Вескоски.