Македонија 10. јули 2018. / 12:43

Мухамед Зекири за смртта на момчето: Комитите напаѓаат недолжни луѓе

Мухамед Зекири за смртта на момчето: Комитите напаѓаат недолжни луѓе

„Има ли кој да ги заштити невините граѓани од хулиганите? Има ли полиција во државава која ќе им каже стоп на „Комитите“ кои секогаш кукавички напаѓаат недолжни граѓани по гррадов или пак тие се заштитена „раса““, напиша Зекири на 10 август 2015 година, после натпреварот меѓу Вардар и Слога (Шкупи) кога беа нападнати неколку момчиња. Иако Комитите се оградија од овој инцидент, тогашниот уредник на опозициската Алсат-М, а денес потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири ги обвини Комитите.

Три години подоцна, Никола Саздовски беше крвнички претепан и вчера им подлегна на повредите. На 29 јуни беше крвничкото претепување, а дури неколку дена покасно медиумите преку социјалните мрежи дознаа за овој немил настан. Иако крвничкото претепување се случи на 29 јуни МВР дури на 2 јули го стави овој немил настан во полицискиот билтен, откако масовно се прошири оваа вест на социјалните медиуми. МВР ова дело го води како насилство, а не како обид за убиство, без разлика што после тепањето Никола падна во кома.

„Ги знаеме кои се напаѓачите, од Чаир се, заштитени се како бели мечки од државата. Цел месец нѐ следат, ни се закануваат по ‘фејсбуци’ и по СМС-пораки. Пред некоја недела избодеа со нож едно наше дете. Сега го чекаа Саздо. Го нападнаа кукавички додека беше со девојката. Чекале автобус на станица, застанал ‘мерцедес’, излегле три-четворица и го нападнале со тупаници, боксови, па дури и со нож. Му ги скршиле ребрата, тој паднал на асфалтот, со главата удрил на тротоарот. Напаѓачите побегнале, а на Саздо дури тогаш му пришле луѓе да му помогнат“, изјавија пријателите на Никола. Всушност, токму по реакцијата на „Комитите“, во социјалните медиуми случајот излезе во јавноста.

Напаѓачите се членови на навивачката група Шверцери, кои имаат блиски релации со ДУИ, и кои ги штитат. За потсетување, Артан Груби тепаше Комити на Кале пред неколку години, а денес е висок претставник во македонската влада, а тогашниот заменик министер на МВР албанец на приведените Шверцери пред камерите им ги вадеше полициските лисици.