Македонија 01. јуни 2020. / 13:46

Мухамед Зекири се заразил кај брат му на ифтар

Мухамед Зекири се заразил кај брат му на ифтар

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири, се заразил во семејни услови

Потпретседателот Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно се заразила од своето семејство, не сме ги почитувале мерките доволно како луѓе – изјави Заев.

Заев информира дека за здравствената состојба на позитивните на Ковид-19 во раководството на СДСМ разговарал и со министерот за здравство, Венко Филипче

Разговарав синоќа со Филипче, кај Сања Лукаревска интензитетот е целосно олабавен и преносот не е како кај Мухамед Зекири – изјави Заев.