Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека МВР ќе забрани пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“ од 18:00 до 6:00 часот од денес се до престанокот на важење на ова ограничување.
Дополнително, се ќе се преземаат мерки за разбивање на групи на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, а ќе бидат засилени контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири.
Сето ова, потсетува Чулев е со цел организирање на редот на работење на полицијата согласно барањата и потребите кои ги наметнува вонредната состојба која е прогласена на територија на целата државата.