Македонија 21. мај 2018. / 22:38

МРТ се подготвува за дуелот меѓу Заев и Мицкоски во среда

МРТ се подготвува за дуелот меѓу Заев и Мицкоски во среда

Македонската радио телевизија подготвува студио во кое ќе се одржи дуелот меѓу премерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во среда, објави Фокус. Но, за одржување на дуелот сѐ уште нема официјална потврда ниту од двете страни.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделата јавно го покани премиерот на ТВ Дуел, по што од Владата беше соопштено дека премиерот прифаќа.