Владиците на Македонската православна црква – ОА, денеска одлучуваат дали и каков став ќе заземат пред референдум на 30 септември.
Според инфорациите, станува збор за редовна синодска седница на која се очекува да присуствуваат речиси сите Архиереи на МПЦ-ОА.
Македонската православна црква изминативе години секогаш имаше став дека треба да се зачува уставното име Република Македонија.
Изминатиов период јавноста очекуваше Синодот на МПЦ-ОА да се произнесе за актуелната политичка состојба. Засега единствен кој јавно зборува против Договорот со Грција и Референдумот е владиката Агатангел.