Македонија 12. декември 2019. / 19:15

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

„Можеби избрзав малку но му кажав на министерот дека тој застапува политика на држава и не треба да се меша во работи што не се во негова надлежност, вели градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ откако претходно го нарече Димитров идиот за неговиот став околу нобеловецот Хандке.

Богдановиќ за „Порталб.мк“ вели дека навредата била последица на избрзана постапка и дека воопшто не поддржува луѓе што поддржуваа злосторства против човештвото.

– Нормално, не сум поддржувач на злосторства, без разлика за кого станува збор. Можеби избрзав малку. Сите сме луѓе и може да избрзаме. Му кажав на министерот дека тој застапува политика на држава, а не на доделување награди. Сепак станува збор за книжевност. Министерот не треба да се меша во работи што не се во негова надлежност,  вели Богдановиќ