Македонија 10. мај 2020. / 21:15

МНР се извини на Србија за скандалот со поштенската марка на НДХ

МНР се извини на Србија за скандалот со поштенската марка на НДХ

Министерството за надворешни работи за МИА потврди дека преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упатило извинување до српските власти во врска со грешката направена во Македонски пошти, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори.

Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната поштенска марка и поништување на целокупниот тираж, како и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Пренесено е и официјалното извинување од страна на Македонски пошти во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавувањето на марката.

Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни и до граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.