Македонија 27. ноември 2020. / 23:24

МНР најсторго го осуди сквернавењето на споменикот за бугарските жртви

МНР најсторго го осуди сквернавењето на споменикот за бугарските жртви

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот “Илинден”, во која настрадаа бугарски туристи, на 5 септември 2009 година.

– Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија, наведуваат од Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се додава дека вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија.