Македонија 16. мај 2020. / 16:42

МНР: Добивме позитивен одговор од ОБСЕ/ОДИХР за набљудувачи на изборите

МНР: Добивме позитивен одговор од ОБСЕ/ОДИХР за набљудувачи на изборите

Од Министерството за надворешни работи информираа дека од ОБСЕ/ОДИХР добиле позитивен одговор на прашањето дали ќе продолжат со набљудувачката мисија во текот на парламентарните предвремени избори.

Врз основа на договореното на средбата меѓу политичките лидери, МНР стапи во комуникација со ОБСЕ/ОДИХР со прашањето дали постои подготвеност да продолжат со набљудувачката мисија на предвремените парламентарни избори. Одговорот го добивме и во овој момент можеме да споделиме со јавноста дека е позитивен, соопштија кусо од МНР додавајќи дека повеќе детали ќе објават по лидерската средба во понеделник.

Од МНР посочуваат дека пред да биде објавена во јавноста, со содржината на писмото прво треба да се запознаат политичките лидери