Македонија 27. февруари 2019. / 14:30

Младите од ВМРО-ДПМНЕ биле уапсени за наводно цртање графити

Младите од ВМРО-ДПМНЕ биле уапсени за наводно цртање графити

Младите од ВМРО-ДПМНЕ сеуште се во полициската станица во Ново Лисиче. Распитот бил поради наводно цртање за графити.

Не собраа утринава со полиција од дома и не распрашуваа за некакво цртање на графити во Аеродром – вели за Лидер организациониот секретар на УМС, Петар Миовски кој сеуште е во полициската станица.

Како што сведочат за ,,Лидер” утринава биле приведени и однесени во полициската станица во Ново Лисиче, најголем дел од членовите на раководството на УМС Аеродром. Во моментов чекаат во полициката станица за да бидат повикани на распит а не им кажуваат за што ќе биде распитот.

Помеѓу лицата кои се наоѓаат во полициската станица во Ново Лисиче е и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, и организационен секретар на партијата Петар Миоски. Во полициката станица е и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.

Во станицата се и членовите на Извршниот Комимтет на УМС Аеродром и потпретседателите.