Македонија 27. март 2018. / 19:11

Младите од „Македонски Клуб“ создадоа ново здружение во Мелбурн

Младите од „Македонски Клуб“ создадоа ново здружение во Мелбурн

Денес е првиот генерален совет на ново-основаното Македонско-студентско здружение при Австралискиот Ла Троуб Универзитет во Мелбурн, под покровителство на Македонскиот Клуб, а потпомогнато Австралиската бранша на Светскиот Македонски Конгрес!
Потребата од создавање на вакво здружение ја согледаа воглавно студентите Мкаедонци од овој реноминиран Универзитет.
Создавањето на здружението е едногласно одобрено од сите 25 делаегати од управниот одбор на Мелбуншкиот Ла Троуб.
Триесетте члена очекуваат рапидна експанзија на здружението, проследена со создавање негови филијали на останатите Австралиски Универзитети поткрепени од Македонската заедница во Австралија!
Нивните цели во иднина ќе бидат:
-Предавања и семинари за промовирање на Македонската култура во Австралискиот Универзитетски живот
-Промовирање на Македонскиот туризам
-Изучување на Македонски јазик на Ла Троуб и пошироко
-Зајакнување на перцепцијата за Македонска култура кај студентските капацитети
-Зајакнување на партнерството меѓу Австралија и Република Македонија