Млади, активисти на еколошките здруженија и жители од селата, со порака „Стоп за рудникот на смртта“, протестот го започнаа од пред општинската зграда на Босилово каде што со протестен говор ќе ги испратат своите барања.
Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите порачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсес“ да си замине.
–Рудник во Иловица нема да има. Ви се обраќаме Вам да најдете решение, му порачаа на премеирот Зоран Заев.
Насобраните граѓани рекоа дека рудникот е еколошко зло и дека се плашат за сопственото здравје. Протестот беше организиран од младите, а го поддржаа и еколошките здружениеја. Претходно, од компанијата порачаа дека лажните вести и говорот на омраза не се граѓански активизам. Од „Еуромакс Рисорсес“ велат дека постојано одговараат на сите потенцирани прашања и дилеми поврзани со проектот, но и покрај тоа не престанувале нападите.
Потсетуваат дека станува збор за економска инвестиција која ќе донесе добробит за целата држава, а особено за сите жители на општините Босилово и Ново село, вработувајќи 500 лица и ангажирајќи 2.700 други жители преку компаниите со кои ќе соработуваат.