Соговорник на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, што неодамна беше објавена во медиумите, бил Александар Верушевски, син на советникот за национална безбедност Зоран Верушевски. Ова на денешната прес-конференција го обелодени екс-премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Според Заев, снимката била направена за време на ручек во ресторан во Струмица.
– Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.
На снимката, меѓу другото, се слуша како Заев го пцуе народот, дека целиот невладин сектор и припадниците на „Шарената револуција“ се негови и други пикантерии и детали.
Младиот Верушевски беше осуден на казна затвор, а потоа аболициран за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил, односно со службено возило на МВР и носење пиштол.
Неодамна младиот Верушевски објави статус на фејсбук, што го пренесоа и многу портали. Во него тој пишуваше:
„За сите оние кои се чудат на новава власт-неблагодарна, шутрачка, вештачка недоквакана целина
За нивните постапки, неприлики, лаги, интриги, дворски игри за многу скоро време на сите ќе ви биде јасно
1.Зошто немаме ситем
2.Зошто не функционира правната држава
3.Зошто нема однос према поединецот
4.Зошто све прокоцкаа
Само ќе ви кажам следно-порасипани луѓе од овие (секоја чест на исклучоци), повалкани, поискварени ѓаволски ситни души досега немало!!!
Дали овој статус на младиот Верушевски беше навестување за објавување на снимките не е јасно.