Македонија 12. јули 2020. / 17:28

Митовски: По ниедно јазично правило Заев не може да рекол „мрш“, а не „важи“ во реченицата „влегувам во таа работа

Митовски: По ниедно јазично правило Заев не може да рекол „мрш“, а не „важи“ во реченицата „влегувам во таа работа

По објавената нова аудио снимка на која се слуша како Зоран Заев се договара за влегување во зделка со шест милиони евра пари од рекет, некои медиуми, во обид да го оправдаат лидерот на СДСМ, објавија дека Заев, кога зборува за зделката вели „мрш“, наместо како што кажува „важи“.

По таквите објави, во јавноста се огласи новинарот Александар Митовски, кој коментира дека зборот „мрш“ по ниту едно јазично правило не може да претходи во реченица во која следуваат зборовите на потврда „јас влегувам во таа работа“.

„Заев рекол „марш“, наместо „важи“…

„Колега“ Ландов, сигурно си учел дека разговорниот јазик секогаш треба да ги следи правилата на логиката, која од случај до случај може да биде алтерирана согласно сленгот на двајцата соговорници.

Ако ја преслушаш снимката повторно, „марш“ не може да претходи на „јас влегувам во таа работа“. Барем не според твојата логика.

Дури и да рекол „марш“, а јас тврдам дека е „важи“, тогаш можеме да протолкуваме дека Заев го „маршира“ Димишков, и ТОЈ ВЛЕГУВА во работата.

Зошто да ги дели 6-те милиони евра со Димишков, кога може да го измаршира и да си ги земе за себе.

Какви рекетари, ццц…. “ – коментира Митовски.