Македонија 12. октомври 2018. / 22:33

Митко Јанчев за наводното исклучување: Кој може да ме избрка од дома?

Митко Јанчев за наводното исклучување: Кој може да ме избрка од дома?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев пред вечерашниот состанок на партијата даде изјава за медиумите и рече дека очекува малку подолг состанок од предвиденото бидејќи е важно да има дискусија и дебата за важните прашања за кои тие како партија треба да имаат свои одлуки.

На прашањето за наводните шпекулации за исклучување на Јанчев од органите на партијата и од ИК тој рече дека не може да очекува дека некој би го избркал од својот дом.

Во текот на вчерашниот ден порталот Либертас пласираше информации за наводно исклучување на пратеничката Рангелова и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев од ИК на партијата, но и за заладување на односите меѓу првиот човек на партијата Христијан Мицкоски со нив двајцата.

Таквата информација денеска за порталот Плусинфо беше демантирана лично од партискиот лидер кој истакна дека ова се шпекулации изготвени во партиската кујна на СДСМ, со цел да се одвлече вниманието од неуспехот на референдумот.