Македонија 16. септември 2018. / 14:21

Мицкоски од Штип: Поради неспособноста на СДСМ, Македонија ја има се помалку

Мицкоски од Штип: Поради неспособноста на СДСМ, Македонија ја има се помалку

Поздравувјаки го градот Штип и големите македонски имиња од ово ј град како: Гоце Делчев, Тодор Александров, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Никола Кљусев, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мискоски, се осврна на сите тешки моменти за Македонија, поготово од независноста па наваму, во кои според него СДСМ има одиграно исклучиво негативна улога.

„Од приватизацијата и рамковниот договор, преку територијалната поделба, па се до договорот со Грција, СДСМ секогаш го ставал македонскиот национален интерес во подредена положба. Поради нивната неспособност, Македонија ја има се помалку. На овие проблеми се надоврзуваат многубројните криминални афери, наместени тендери, договори во четири очи, доскутабилни судски одлуки, сето тоа на сметка на македонскиот народ, негвото достоинство, неговиот животен стадард. Македонија е во опасност поради незнаење, незнаење кое мора да биде политички поразено.“ рече Мицкоски на митингот во Штип.

Во понатамошниот дел од говорот, Христијан Мицковски директно се обрати до премиерот Зоран Заев, повторно барајки ТВ деул на кој би се расправало за многу повеќе прашања, не само за референдумот.