Македонија 03. јуни 2019. / 14:01

Мирјана Најчевска: Вардар е спортски тим од Северна Македонија, а не од Античка Македонија

Мирјана Најчевска: Вардар е спортски тим од Северна Македонија, а не од Античка Македонија

Кога од убава спортска победа после два интригантни натпревари ќе направиш гомнарија …, напиша Мирјана Најчевска на Фејсбук.

Прво, Вардар е спортски тим кој на натпревар настапуваше како спортски тим од Северна Македонија. Не од Античка, не од Поранешна или некоја друга.Втро, тоа е приватен тим кој е во сопственост на руски бизнисмен.
Трето, во тимот има еден Македонец, ако не се лажам.
Никако не можам да разберам каква врска има победата на овој и ваков тим кој доаѓа од Северна Македонија со знамето на Вергина.
И не сум сигурна како смртта на некој Албанец ќе придонесе за натамошните спортски победи на овој тим.
И лично мислам дека треба да почнат да се казнуваат навивачките групи кои шират омраза против Македонци, против Албанци, против било која група кој ќе им дојде на удар. И кои промовираат таков вид на наислство кое завршува со тепачки па и со убивање.
Казните вообичаено почнуваат со забрана на присуство на натпревари и се зголемуваат соодветно на предизвиканата омраза и насилство, напиша Најчевска.