По три часа разговори во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, министрите за надворешни работи и медијаторот направија пауза за ручек, пренесе Фокус.
Преговорите почнаа во 16.30 по македонско време, а 10.30 по њујоршко. Овој пат средбата меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас е во присуство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц.
Пред да започне новата рунда преговори тие се фотографираа како тимски се поздравуваат, а по нивниот израз на лицата може да се забележи оптимизам.
Сепак двете страни отидоа во Њујорк со различни ставови. Димитров ќе се обиде повторно да го стави на маса предлогот „Република Илинденска Македонија“, а Коѕијас очекува дека ќе се разговара за предлозите на Нимиц.
Преговорите продолжуваат по паузата за ручек.