Министерството за правда денеска до крајот на работното време не ги добило амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред дуелот со Зоран Заев на Канал 5 ТВ.
До крајот на работното време, не добиле нивните служби. Не ја исклучуваат можноста тие да се пратени по пошта и оти може да стигнат утре, пренесе МКД.мк.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ, Заев информира дека денеска неговата партија доставила 65 амандмани за законот, со кој се регулира и статусот на СЈО.
Заев истакна дека пред емисијата не бил информиран за тоа и најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите.
Мицкоски рече дека неговата партија и до Министерството за правда и до меѓународната заедница ги доставила амандманите, откако Министерството претходно ги прифати принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.