Министерството за правда информира дека го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.
– Барањето за екстрадиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата. – се вели во соопштението.
Во него се додава дека Република Македонија бара лицето Груевски да биде екстрадирано, а имајќи ја во предвид сериозноста на кривичните дела, бараат истиот да биде лишен од слобода и задржан во притвор, потсетувајќи дека за него е издадена и меѓународна потерница.